iPhone Screenshots

Description

NLB mKlik е услуга на NLB Банка АД Скопје и претставува апликација за мобилен уред која овозможува преглед на  Вашите продукти во Банката и спроведување на Вашите финансиски трансакции на сосема безбеден начин.  Услугата е достапна 24 часа на ден, седум дена во неделата. NLB mKlik услугата може да се користи со iOS верзија 6.0 или понова.
Можности на НЛБ мКлик апликацијата:
         • Преглед на состојба и промет на сите трансакциски сметки, депозити, картички и кредитни продукти.

         • Преглед на курсна листа како и конверзија од една во друга валута на трансакциската сметка.

         • Можност за плаќање на ПП30/ПП50 безготовински налози,  режиски трошоци, интерни налози кон депозити по видување и обврски кон Банката за кредитни картички и кредити

        • Можност за работа со апликацијата од повеќе мобилни уреди

         • Интерактивен локатор на Експозитури/Банкомати

         • Можност за поставување на лимит за трошење на Интeрнет, АТМ/Банкомат и продажно место/POS

         • Можност за примање на известувања од банкатa      
   
• Можност за контакт со банката преку телефон или e-mail
                       
* Можност за отворање на Трансакциска сметка во Банката
Начин на пријава на мКлик апликацијата:
               
За да се започне да се користи мобилната апликација потребно е да се избере опцијата Најава на мКлиk на иницијалниот екран на апликацијата после кое се отвора нов екран каде има опција да се избере дали сте корисник на електронско банкарство или не, односно дали веќе ги користите услугите на web сервисот НлбКлик. Доколку одговорите потврдно, ќе се отвори нов екран каде треба да се внесат корисничкото име и лозинката што ги користите за најава на НлбКлик апликацијата. После успешната верификација, ќе Ви се испрати код за пристап преку SMS на мобилниот број кој е внесен за корисникот во Банката и кој треба да се внесе во полето Код. По точно внесениот код во полето, се отвора екран каде корисникот треба сам да си креира ПИН кој понатаму ќе се користи за најава на НлбмКлиk апликацијата.
             
Доколку не сте корисник на електронско банкарство, се отвора екран каде по внес на бараните податоци и  по успешна верификација на истите на корисникот му се испраќа код за пристап кој се внесува во соодветното поле и се отвора екран каде корисникот треба сам да си креира ПИН кој понатаму ќе го користи за најава на НлбмКлиk апликацијата. На овој начин ќе може да се инсталира  и користи апликацијата само со привилегии за увид во продуктите на корисникот во банката, односно нема да може да се вршат плаќања. За да можете да вршите плаќања преку апликацијата ќе треба да пријавите за услугата во која било експозитура на NLB Банка АД Скопје 
           Доколку корисникот ја нема претходно инсталирано мКлик апликацијата, а користи електронско банкарство со право на плаќање на web сервисот НлбКлик, ќе може исто така да ја инсталира комплетно самостојно и користи новата верзија на апликацијата, но само со привилегии за увид во продуктите во банката, односно нема да може да врши плаќања. Постапката за активирање на услугата за плаќање е иста како претходно, т.е ќе треба да пријавите за услугата во која било експозитура на NLB Банка АД Скопје
                     
Сигурност на НЛБ мКлик апликацијата: 
                      
  • Апликацијата е заштитена од копирање и инсталирање на други телефони
                       
• Апликацијата се исклучува автоматски по неколку минути некористење.
                       
• Апликацијата се заклучува автоматски по внесени 3 погрешни m-PIN кодови.
                       
• Податоците за сметките на корисникот и m-PIN кодот не се чуваат на мобилниот уред

What’s New

Version 2.0.3

-Најава со користење на отпечаток од прст
-Налог ПП53
-Повеќекратно доспевање на рати за кредитни картички
-Редизајн
-Дополнителни подобрувања

Ratings and Reviews

3.3 out of 5
9 Ratings
9 Ratings
Buygzzy ,

Face recognition

Povekje od edna godina imame telefoni od tipot na iPhone X, a sega i iPhone X (S, XS Max, XR). Odlicno sto konecno vovedovte opcija za touch ID. No Vi fali opcija za avtentifikacija i so face ID. Toa se dopolnitelni 20-linii na kod sto treba da gi dodadete za da mozeme i nie korisnicite na X uredite kompletno da uzivame vo Vasata aplikacija. Blagodaram odnapred sto mojata sugestija bi bila realizirana vekje vo slednata verzina na Vasata aplikacija. Na iPhone X ako se odbere avtentifikacija so fingerprint aplikacijata namesto da znae toa da go prepoznae, crashira :(

MKostadinoska ,

Nemozhnost za logiranje

Postojano mi vika deka nema internet konekcija i nikako ne mozham da se logiram

kikec2000 ,

Sakame besplatno

Ne ja gledam pricinata kako na bilo koj browser da e besplatno a za aplikacijata da se plaka.

Information

Seller
NLB BANKA AD SKOPJE
Size
41.4 MB
Category
Finance
Compatibility

Requires iOS 8.0 or later. Compatible with iPhone, iPad, and iPod touch.

Languages

English, Albanian, Macedonian

Age Rating
Rated 4+
Copyright
copyright © NLB Banka
Price
Free

Supports

  • Family Sharing

    With Family Sharing set up, up to six family members can use this app.

More By This Developer

You May Also Like